Илија Топурија за Мек Грегор: Курвин МекЧикен!

Илија Топурија не е голем обожавател на Конор Мек Грегор и тоа не пропушта да го покаже.

Конор некогаш беше идол на „Матадорот“, но тоа се промени откако Ирецот се збогати и престана да се бори. Топурија признава дека Конор бил голем борец, но тој веќе не е гладен и не го претставува спортот. Сега името на Ирецот се поврзува со скандали и употреба на кока, според Топурија.

Факт е дека Конор повеќе не е големиот борец кој го запали светот на УФЦ. Мек Грегор деновиве трпи критики и потсмев, но тоа не му пречи. Секој сака да биде како него и да ги има неговите пари. И додека 95% од ММА борците едвај врзуваат крај со крај, „Озлогласениот“ финансиски ги среди и идните внуци.

Илајџа нема почит кон него и тврди дека Конор ќе се заебе кога ќе се сретнат во живо.

„Конор Мек Грегор, мајчина ти! Во секое време, секој ден. Нема да сакаш да ме гледаш во очи кога ќе се сретнеме во живо. Тоа е затоа што ќе се посереш. Курвин МекЧикен”, рече Топурија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО