Илија Трајанов за Mreza.mk: Одлуката за суспензија на Љубиша Пешко е нестатутарна!

trajanov

Порталот Mreza.mk во разговор со првиот дисциплинец на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) утврдува многу неправилности при суспензијата на суспендираниот тренер, Љубомир Пешко. Разговорот во целост ви го презентираме.

Мрежа: Дали е стаутарна одлуката со која се суспендира тренерот Пешко?  

Илија Трајанов: Не е статутарна, бидејќи не е помината пријавата за суспензија преку Дисциплинска комисија каде и самиот сум член.

Мрежа: Ако не е статутарна, тогаш дали можете да ни објасните која е процедурата?

Илија Трајанов: Правниот акт за суспензија започнува со пријава до Дисциплинската комисија, а после Комисијата утврдува дали има прекршувања на правилата или не.

Мрежа: Дали Управниот одбор има право да суспендира тренери?

Илија Трајанов: Па, да кажам право, тие го имаат тоа право да суспендираат, ама кога ќе завршаат сите процедури т.е. кога Дисциплинската комисија ќе ја разгледа пријавата и утврди дали има прекршување на правила за кои треба да досуди правна казна.

Мрежа: Ако станува збор за нестатутарна одлука, тогаш дали некој ќе одговара за прекршување на Статутот и Правилникот на Федерацијата?

Илија Трајанов: Па кој го прекршил статутот тој треба и да одговара. Кој си зел право да носи одлука без да помине низ телата на федерацијата, мора да одговара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО