Илија Топурија се прогласи за шампион во перо категорија, ама Волкановски не мисли така

Илија Топурија се уште не се борел со Александар Волкановски, но тој веќе се прогласи за шампион во перо категорија.

„Ел Матадор“ се соочува со Волкановски на УФЦ 298 што ќе се одржи кон крајот на февруари во Калифорнија. Александар ќе се обиде да ја продолжи доминацијата во категоријата, но Топурија веќе забележа победа. На својот профил на социјалните мрежи, Топурија напиша дека е светски шампион и неговата статистика сега е 15-0 во кафезот.

До денес, Топурија има 14-0 во ММА и има завршено 12 борби. Има 6 победи во УФЦ, од кои 4 со завршница. Илија може да се пофали и со 3 бонуси од по 50.000 долари во најголемата ММА организација во светот. Обложувалниците го одредуваат како аутсајдер, но тој не е загрижен за тоа.

Илија веќе верува дека е шампион, а за него борбата е само формалност која мора да помине.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО