Илија Топурија: Роден сум како шампион на УФЦ

Борецот во перо категорија на УФЦ, Илија Топурија, продолжува да верува дека ќе оствари решавачка победа над Александар Волкановски.

„Тоа е неизбежно. Ќе победам во оваа борба“, изјави Топурија за ММА час. „Ова е мојата судбина. Ова отсекогаш била мојата судбина. Роден сум како борец. Роден сум како шампион на УФЦ. Го знам своето ниво, се познавам себеси, имам способност да ги анализирам сите мои противници и знам дека сум најдобар во мојата дивизија, дури и во следната тежинска класа сум најдобар. Прашање на време е кога повторно и повторно ќе им докажам дека грешат“.

Алекс Волкановски и Илија Топурија ќе го предводат УФЦ 298 во Анахајм на 18 февруари во 04:00 часот по македонско време.

„Откако ќе го победам Алекс, ќе станам најбогатиот борец во организацијата. Ќе видиш. Сите ќе почнат да се караат со мене, бидејќи моите борби ќе носат пари. Не ми е гајле за името на противникот или категоријата. Ќе ја претставувам најголемата борба за пари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON