Илија Танчев најдобар борач на првиот меморијален турнир „Тони Танчев“

Илија Танчев е прогласен за најдобар борач на првиот Меѓународен меморијален турнир „Тони Танчев“ што се одржа вчера во Конче со над 100 учесници од Македонија и Косово.

За најдобар странски борач е прогласен Ернест Доми, најдобра странска борачка е Флјутра Зејдели, а најдобар домашен борач е Димитар Атанасов, додека Надица Петрушева е најдобра борачка.

Резултати на домашната екипа Бучим шампиони од Конче:

Девојки 2011-2013
28 кг Ивона Петрушева – 3-то место
33 кг Стела Блажевска – 2-ро
37 кг Леонора Миланова – 2-ро
48 кг Зорица Николова – 2-ро
52 кг Софија Ристова – 1-во

2009-2010
39 кг Спасија Василева – 1-во
44 кг Фросина Атанасова – 2-ро
48 кг Надица Петрушева – 2-ро
54 кг Михаела Георгиева – 3-то
54 кг Еда Осман – 3-то
70 кг Бојана Петрова -3 – то

Мажи 2011-2013
28 кг Димитар Ристовски – 3-то
37 кг Илче Петрушев – 3-то
40 кг Ангел Атанасов – 3-то

2009-2010
64 кг Димитар Атанасов – 1-во

Тренерот Марјан Христов е задоволен од борбите на своите борачи, истакнувајќи дека организацијата била беспрекорна и изразува голема благодарност до сите што помогнале да се одржи турнирот на завидно ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО