Илија Младеновски распали по Комисијата за спорт на Штип, а нејзиниот претседател му рекол да си го тера магаренцето и да не замара!


Претседателот на Боксерскиот клуб Пинк Пантер Илија Младеновски не можеше да се воздржи со изборот на спортист на годината 2017 на Комисијата за спорт на Општина Штип, при што неговиот клуб не е спомнат во ниту една категорија иако на домашаната сцена имаше забележелителни резултати и учествуваше во Регионалната бокс лига, што е единствен таков клуб од Штип, а и од Македонија. Младеновски со остри зборови на својот ФБ профил ја прозва Комисијата и нејзиниот прв човек.

Претседателот на Пинк Пантер вели дека текстот го пишува во името на сите спортисти во кои системот константно ја убива секоја надежд и волја во борбата за успех…

„Улизувачи (подлизурковци) – тоа се најлошите луѓе на светот, најштетни, најрасипани.
Тие ја поддржуваат секоја власт. Тие и се власт. Тие сеат страв без милост, без никаков обѕир. Тие се ладни како мраз, остри како нож, како кучиња се верни на секоја држава, како проститутки се неверни на секој поединец. Тие се најмалку луѓе од сите луѓе. Додека постојат тие, нема да има среќа на овој свет, затоа што тие ќе уништат сѐ што е вистинска човечка вредност“, вака Меша Селимовиќ ги има отсликано луѓето за кои престиж е да бидат главни,да се ТИЕ кои се пирашуваат и ТИЕ се кој ја даваат последната одлука, последниот збор и веројатно затоа што ете дошло нивното време па сега ќе си ги лечат комплексите врз оние кои значат квалитет и вистинска опасност (квалитетна конкуренција) за самите нив! Или како што вели нашата поговорка,на прост човек дај му власт па да му видиш паметот“, истакнува Младеновски.

„Да не должам многу,муабетов е во врска со актуелната тема „Спортист на годината“ и Комисијата за спорт во нашиот град. Малку доцнам со ова обраќање, но никогаш не зборувам пред да ги проверам аргументите. Откако сум сигурен дека повеќето од резултатите се лажирани и непроверени, а доделувани по тоа кој колку е симпатичен или да не кажам близок на таа багра која би требало да биде комисија за спорт, со оглед на тоа дека како спортски работник се движам во круговите на спортски друштва и спортисти, можам да кажам дека незадоволството од изборот е присутно кај повеќето спортисти и спортски работници во Штип. Сите се прашуваат каде е Бобан Данов со 8-то место на Светското првенство во самбо борење, кикбоксерката Викторија Варадинова не е на листата спортисти, Јован Иванов и момците од ракетно моделарство ги нема, вицешампионот на Македонија Дамјан Цикарски од децата скијачи, исто така го нема на листата, прволигашот во футсал-Мал Ајакс. А, секако, на крај директното прашање до мене, како претставник на БК Пинк Пантер, зошто не нема, дали се пријавивме на конкурсот, бидејки воопшто не фигурираме во ниту една категорија“?

„Да,се пријавивме, но деновиве сретнав тројца луѓе, членови на Комисијата за спорт, кои засрамено ме поздравија и се извинуваа за тоа што било со нашиот резултат. Но, ете, баш кога се гласало за нас, тие не биле во просторијата или пак не било до нив…?? Секако првото што можеше да ми падне на памет беше дали нешто друго се крие зад приказнава?

Откако ги сумирав аргументите, го барав на телефон (вчера) Елмир Мандак,претседател на Комисијата за спорт. На моето прашање како е можно да не сме во конкуренција,одговорот беше…Комисијата така одлучи! Кога го прашав дали тој како претседател не требало да го потегне прашањето, знаејќи го нашиот колективен резултат, ме праша а кој тоа резултат, па ние сме го имале? Кога аргументирано му ги наброив резултатите ,ме праша против колку клубови сме се натпреварувале. И, на крај, пак, и да му ги набројам кои се тие клубови со кои сме биле конкуренција во натпреварите. А па и што има да разговараме и кој сум јас да му ги кажувам правилата за тоа како се рангираат успесите на спортистите…
Побарав од него да ги преиспитаат и корегираат резултатите, а тој рече дека тоа е завршена работа. Провокацијата му беше приоритет во разговорот. Му ветив дека ќе бидам прв кој ќе го бојкотира изборот. Ми рече дека така со него не можам да разговарам и „Терај магарето и не ме замарај“!
Ете колку е нивото на култура на човекот кој треба да е лицето на штипските спортисти,претставникот и прв човек на системот кој треба да биде основата за прогресот на штипскиот спорт. Нормално не го замарав повеќе, ние веќе си ја добивме наградата. Спортот е јавна дејност ,а поголема награда од поздравите и подршката од спортската публика нема. Не ни требаат трофеи за да лечиме комплекси дека нешто вредиме…ние ја знаеме својата вредност!
За крај, ќе завршам со еден цитат од таткото на нашата нација,вели: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди освен македонскиот“!!!
На сликите подолу има извадоци од неколку весници од регионов(Балканот),кои кажуваат се:

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON