На Меѓународниот турнир „Лах Нимани“ во Приштина, Косово, за финале се избори Илхан Озмен со победата над Оргито Лијаха од Албанија и утре Финалето ќе се бори со Клирим Бериша од Косово.
Ајхан Озмен изгуби 3-2 од Леутрим Мули од Данска, многу тесна борба во која судиите победата му ја доделија на Данецот.
Исто така и Давид Ѓоргоќески загуби се подеелна одлука 2-3 од Ваљон Демири од Косово. Ќемал Фетаи е поразен 5-0 од Елас Идризи од Данска.
Покрај Илхан Озмен утре во финалето ќе се борат и Хади Шехаби и Бекир Лимани кои имаа директен пласман.
Резултати
60 кг Ќемаил Фетаи – Елијас Идризи (Данска) финале 0-5
64 кг Илхан Озмен го победи Ортиго Лијаха (Албанија)
69 кг Ајхам Озмен – Летурим Мули (Данска) 2-3
75 кг Давид Ѓоргоќески – Валон Демири (Косово) 2-3
Хади Шехаби – со боксер од Словачка – финале
Бекир Лимани – со боксер од Косово – финале