Игор Саверино го гризна Лима – Дана Вајт најави дека тоа му е последна борба (ВИДЕО)

Игор Северино и Андре Лима влегоа во октагонот на УФЦ турнирот во Лас Вегас најавувајќи неизвесен бразилски дуел, но истиот заврши со дисквалификација на еден од натпреварувачите.

Борбата беше прекината во втората рунда откако Лима се пожали дека бил гризнат од својот сонародник, а судијата Крис Тоњони реши да провери што се случило, за на крајот да биде утврдено дека Северино заслужува дисквалификација.

Победата му е доделена на Лима, а првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, најави дека потегот на Северино значи и крај на неговата УФЦ кариера.

Лима подоцна решил да го истетовира „сувенирот“ од борбата со сонародникот, а воодушевениот Вајт му ветил бонус од 50.000 долари за овој потег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON