Игор Паскоски: Хамза покажа голема зрелост, прикажа одлично џудо во текот на борбите!

Апсолутно сум задоволен од настапот на нашиот најуспешен кадет Хамза Јашари“, вели неговиот тренер Игор Паскоски по освојувањето на сребрениот медал на Европскиот куп за кадети во Фолоника во Италија.

Со овој резултат Хамза Јашари се наметнува како сериозен кандидат за младинските Олимписки игри во август во Буенос Аирес, Арегнтина.

Среќен сум за постигнатиот резултат, особено што два пати по ред (по златото во Гиор минатата година ) се пласира во финалето. Конкуренцијата беше голема, имаше 56 учесници во категоријата до 66 килограми, со што Купот се вброи меѓу најмасовните. Хамза покажа голема зрелост и, воедно, прикажа одлично џудо во текот на борбите, констатира Паскоски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО