Стружанецот Игор Лазаревски – Генерал Цаки на ММА турнирот „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ во Велес ќе се бори против Милош Јаничиќ од Црна Гора.
„За противникот не знам многу. Сум гледал неколку негови борби, но ветувам дека ќе дадам се од себе да го победам Милош“, вели Лазаревски.
На 5.000-та публика и порачува.
„Петилјадната публика ќе има можност да ја гледа најатрактивната борба со нокаут во првата рунда“, порачува Лазаревски.
ММА турнир „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ ќе се одржи на 8 октомври во спортската сала „Гемиџии“ со почеток во 19 часот.
Организаторот иам посебни награди за најдобриот борец на вечерта и за најборбениот пар.
Фјат-карта – „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“:
-78 кг Мирза Сендиќ (МКД) – Изет Орлиќ (БиХ)
-84 кг Игор Лазаревски – Милош Јанчиќ (ЦГ)
-75 кг Ристе Гашев (МКД) – Јасмин Вршкиќ (БиХ)
-70 кг Филип Божиновски (МКД) – Анто Палавара (БиХ)
-63 кг Александар Заткоски (МКД) – Небојша Богдановиќ (ЦГ)
-72 кг Стефан Спасовски (МКД) – Маринко Зраубица (ЦГ)
-77 кг Стефан Пецевски (МКД) – Стефан Манчиќ (СРБ)
-77 кг Илија Андов (МКД) – Иван Скоко (ЦГ)
-70 кг Филип Стефановски (МКД) – Нино Шкрељ (ЦГ)
Турнирот годинава ќе биде посветен на припадниците на безбедносните сили кои загинаа во Куманово во „Диво насеље“ на 9 и 10 мај 2015 година.
Ipon.mk/В.Д.