Игор Димоски-Рукус стана европски шампион во бразилско џиу џицу во Лимбург, Германија, каде што се одржа Европското првенство на CBJJI организацијата.
Димоски беше најдобар во мастер категоријата црн/кафеав појас до 91 килограм во Но Ги.
Во неговата категорија немал многу борби,а во Но Ги имал две и ги добил на иста финта 50/50 гард од каде што направил ресерс амбар. Во кимоно исто така имал две борби, а првата ја добил на поени, додека втората ја победил со триангл, од каде што направил американа.
Ианку тој настапува за Рукус БЏЏ клан во Швајцарија, кадед што живее и работи, а инаку е од Охрид. Но во конкретната категорија настапи за Рукус БЏЏ клан под Бојан Мирковиќ од Хрватска.
ipon.mk/В.Д.