Игор Ангеловски беше сестран спортист и тренер во боречките вештини и поранешен началник на СВР Велес

Денеска медиумите информираа дека поранешниот началник на СВР Велес Игор Ангеловски починал од Ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје. Ангеловски е погребан на гробиштата во Велес.

Игор е роден 1979 година во Велес. Тој е бивш припадник на единицата за специјални задачи Тигар. Активен член на спортскиот клуб Будо од Велес веќе 15 години. Син појас во БЏЏ, кафеав појас во кик бокс и во џудо. Учесник на повеќе државни првенства во Бразилско џиу џицу и џудо, носител на повеќе медали во истите.

Ангеловски беше еден од тренерите во БЏЏ клубот Будо, исто така и во кик бокс клубот.

На 26.10.2020 во вечерните часови ја изгуби битката со Ковид-19 по дваесет и неколкудневната мачна борба.

„Почивај во мир пријателе“, порачаа неговите другари, пријатели и ученици од Будо-Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON