Идриз Бислими од БК Шкупи е најдобриот боксер за 2015 година во Македонија во изборот Боксерската федерација на Македонија, додека Алмир Нуришов (Тернипе) е најдобриот јуниор, а Шпенд Гафури (Шкупи) кај кадетите.
Како перспективни боксери се проглаени: Гоце Јанески, Јасин Лама, Осман Демиров, Јасин Мифтар, Ѓорги Трајковски и Марко Стојановски.
Мирко Ристевски-Мице е прогалсен за најдобар тренер, како и Насер Харуни, а Петре Неделковски и Фросина Мнаева за најдобри судии, додека Душко Сачкарски е најдобриот делегат.
Севченото прогласување е утре во ретсоарнот „Буши“ во Скопје со почеток во 12 часот.
Ipon.mk/В.Д.