Македонски боксер Ице Трајкоски забележа уште една впечатлива победа во својата професионална кариера. На боксерскиот спектакл „Челична тупаница”, што се одржа синоќа во Тирана, Албанија, Трајкоски доминираше во петтата професионална борба.
Во првата рунда Трајкоски ја покажа својата моќ и вештина, завршувајќи ја борбата со ТКО (технички нокаут) против Џорџе Мацура од Босна и Херцеговина. Со оваа победа Трајкоски потврди дека е во одлична форма и подготвен за идните настани.
Следниот професионален настан на дебитантите Тоше Цветков и Матеј Чатлески ќе се одржи на 30 април во Скадар, Албанија.