Еден од оние кои од прв ред ја следеше борбата меѓу Ентони Џошуа и Карлос Такам беше Златан Ибрахимовиќ. Го привлече вниманието и на медиумите, па даде свое мислење по борбата, но не пропушти и да му влета на Џошуа во соблекувалната.
When lions meet 🦁🦁 #AJBXNG pic.twitter.com/NZ0fsBAqVn
— Anthony Joshua (@anthonyjoshua) October 28, 2017
Така е тоа во светот на големите спортски ѕвезди. Не се познаваат, но двајцата се асови во својот спорт, па можат да си дозволат вип-средба. Златан му влезе на Џошуа во соблекувалната, а светскиот првак тоа го сподели на Инстаграм, опишувајќи „кога лавовите ќе се запознаат“.
👑👑👑 @Ibra_official poses with AJ's belts backstage #JoshuaTakam pic.twitter.com/Fj1yki1qYh
— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) October 28, 2017
Златан изјави дека е задоволен од борбата и дека Такам издржал и повеќе од што очекувал. Рече и дека не е разочаран што борбата прерано заврши и дека судијата знае подобро од 80.000 фанови, но додаде и дека ако сака, може да го научи Џошуа некој трик.
https://twitter.com/90thMin/status/924439373818494976?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D691528
Карлос Такам го предизвика Ентони Џошуа, меѓутоа светскиот првак го одбрани појасот со технички нокаут во 10-тата рунда.
https://www.dailymotion.com/video/x66oll9
.