„Задоволен сум од она што го покажа нашиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров на Гран-при Москва и освојувањето на бронзениот медал. Во првата борба со рускиот борач Ерик Џиоев воочивме некои грешки, но затоа за бронзата со Ибрахим Џивчи од Турција одлично се избори“, изјави за Ипон.мк нашиот освојувач на бронзениот медла од Олмписките игри во Сиднеј 2000 година и тренер на Нуров, Могамед Ибрагимов кој во тандем со Гајдар Гајдаров го водеа на на силниот меѓународен турнир во Москва.
Ибрагимов вели дека ова беше добра проверка на формата на Нуров пред Светското првенство во борење во Белград во декември, кое, за жал, поради откажувањето на репрезентациите на САД, Јапонија и Куба е преименувано во поединечен Светски куп. Нашиот борач една година не се борел, но со она што го демонстрира на турнирот во Москва може да очекуваме добар резултат.
„Во периодот што ни претстои ќе работиме на исправање на грешките, па така се надеваме на добри резултати, а со малку среќа и медал на Олмписките игри во Токио идната година“, истакнува популарниот Моги.
Ибрагимов од се срце им го честита пласманот на фудбалерите на Европското првенство, истакнувајќи дека громогласно навивал синоќа на мечот со Грузија. Тој им посака многу успех на Пандев и другарите и на ЕП.
Ipon.mk