Ибрагимов и Вренези гледаат иднина во младите, Ристо Таков виде неподготвени борачи (ФОТО)

Mogamed Ibragimov dobiva priznnaie 55 godini borenje

Освојувачот на бронзениот медал од Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, Могамед Ибрагимов, за вчера завршениот турнир 40. „Македонски бисер“ вели дека бил добро организиран и имало квалитетни борби.

Jasi redzepi na piedestal biser 2016

„Добро е што Македонија имаше млади борачи на турнирот кои прикажаа добри борби. Тука мислам на Армин Идризи (57 кг) и Ријад Реџепи (61 кг). Во Македонија има борачка традиција, останува да се работи со малдите од 15-18 години, за да може да сметаме на нивно вклучување во олимпсикиот циклус за Олимпијадата во Токио 2020 година“, изјави Ибрагимов.

Lulzim vrenezi vo mok

Тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези смета дека младите борачи прикажале добри борби.

„Подмладувањето во репрезентацијата е добредојдено, а Николче Петров, Ријад Реџепи и Александар Здравев покажаа дека може да се борат за место во најдобрата репрезентација на Макеоднија“, истакна Вренези.

Risto rakov sam na Biser 2016

Финалните борби на Македонсккот бисер ги следеше и „таткото“ на современото македонско борење, Ристо Таков, кој во Штип ги започна првите активности во овој спорт.
„Македонските борачи беа неподготвени. Некои од нив ме изненадија негативно и разочараа. Гостите од другите држави оставија мошне добар впечаток, особено двајцата борачи од Јапонија, кои ќе учествуваат и на ЛОИ во РИО…“– изјави Ристо Таков.

Risto Takov so Cifliganec

Ристо Таков ги додели и трофеите на најдобрите борачи, а од претседателот на ФБСМ, Ванчо Чифлиганец ја доби монографијата 55 години македонско борење.

Ipon.mk/В. Д.-К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON