Ибрагимов и Данов промовираат нов клуб за борење во Свети Николе

Носителот на бронзениот медал од Олмписките игри во Сиднеј 2000 година Могамед Ибрагимов и селекторот Боба Данов беа во посета на Свети Николе при што најавија формирање на клуб за борење во овој град.

Клубот ќе се вика „Овче поле“, а тренер ќе биде Аце Арсов, поранешен борач на Балканец!

Свети Николе важи за расадник на ракомеатри од светски калибар, се надеваме дека ќе има и борачи со таков кредибилитет.

Могамед Ибрагимов покрај олимписката бронза е носител сребрен медал од СП во Техеран 1998 година и злато на ЕП во минск 1999-та.

„Денеска ја имав честа да ми биде гостин легендата на боречкиот спорт во Република Македонија и освојувач на златен медал со БК Бучим од Радовиш и сребрен и бронзен медал за Република Македонија на светското и европско првенство во борење, шампионот МОГАМЕД ИБРАГИМОВ.

Започнуваме еден нов спортски проект сосема нов во нашата општина- борење. .

Во наредниот период ќе ги анимираме сите вљубеници во овој спорт преку формирање на боречки клуб од Свети Николе“, напиша на Фесјбук градоначалникот Дејан Владев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON