ИБФ му одреди противник на Мартин Баколе! Мечот одлучува кој ќе стане задолжителен предизвикувач за титулата

Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) нареди елиминациска борба меѓу Мартин Баколе и Ефе Ајагба која ќе одлучи кој ќе стане задолжителен предизвикувач за титулата ИБФ во тешка категорија што ја држи Даниел Дубоа. Промоцијата на Топ ранг ја информираше ИБФ дека Ајагба е на располагање за борбата што доведе до оваа наредба, пренесува Скај спорт.

Оваа можност ја доби 30-годишниот Нигериец Ајагба бидејќи Агит Кабајел и Жилеј Жанг се повлекоа од елиминацискиот меч против Баколе. Нигерискиот боксер е седми предизвикувач според рангирањето на ИБФ, а неговиот професионален скор е 20-1 со 14 победи со нокаут. Од друга страна, 32-годишниот Баколе, кој е четврти во истото рангирање, има сличен скор од 21-1 со 16 победи со нокаут.

https://twitter.com/EverythingBoxi2/status/1861518852409962907

Баколе беше импресивен во последните неколку борби, сопирајќи ги Џаред Андерсон и Карлос Такам. Сега е решен да ја освои титулата на ИБФ која Дубоа ја одбрани со неверојатен нокаут од Ентони Џошуа на стадионот Вембли во септември. Дубоа треба да направи уште една одбрана на ИБФ титулата во февруари, а Џозеф Паркер се споменува како веројатен противник на британскиот шампион.

Според правилата на ИБФ, Дубоа ќе биде известен за неговиот задолжителен предизвикувач околу 22 април, а одбраната на титулата е закажана за јуни. ИБФ бара од шампионот да ја брани титулата против најдобриот достапен предизвикувач во интервал од девет месеци, како што е утврдено од шампионската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON