Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) ќе му обезбеди доживотна финансиска поддршка на освојувачот на златниот медал на првото Светско боксерско првенство Руфат Рискиев. Првиот човек на ИБА, Умар Кремлeв, го посети 73-годишниот Рискиев во болница, каде му подари шампионски појас и пехарот „Волја за победа“.
„Ќе се грижиме за секој член на нашето боксерско семејство. Вие сте легенда и еден од основачите на боксот. Благодарение на вас, нова генерација учествува во нашиот прекрасен спорт.
Како претседател на ИБА, мојата мисија е да го поддржам секој член на нашето огромно семејство ширум светот. Ние им помагаме на нашите боксери, вклучително и со финансиска поддршка.
ИБА е дом на боксот, каде што сме едно семејство“, му рекол Кремлев на боксерот.
Рискиев, кој учествуваше во категоријата до 75 килограми, беше четирикратен шампион на СССР (1972, 1974-1976). Добитник е на сребрен медал на Олимписките игри во Монтреал (1976) и победник на првото Светско првенство во бокс одржано во 1974 година во Хавана (Куба).