ИБА ќе и даде награда на Ангела Карини како на олимписки шампион

Борбата меѓу Имане Келиф и Ангела Карини и понатаму е една од топ темите на Олимписките игри.

Италијанката издржа само 46 секунди, и по два силни удари во лицето, се повлече со солзи во очите.

Спорно е тоа што Имане Келиф, кај која е утврдено присуство на XY хримозоми, како и повисоко ниво на тестостерон, беше дисквалификувана од Светското првенство во 2023, но доби дозвола за настап на Олимписките игри.

За Муѓународната боксерска асоцијација е јасно, Алжирката не требала да боксува во Париз, и во знак на поддршка на Ангела Карини, ја наградија со 50.000 долари, сума која се доделува на Олимписката шампионка.

„Не можев да ги гледам нејзините солзи“ – вели првиот човек на Меѓународната боксерска асоцијација, Умар Кремлев.

„Не можам да останам индеферентен на вакви ситуации и можам да ве осигурам дека ќе го заштитам секој боксер“.

„Не разбирам зошто го убиваат женскиот бокс. Само спортисти кои ги исполнуваат условите би требало да влезат во ринг поради безбедност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON