Првиот дел на Ризин од новогодишниот ннастан се одржа во Саитама арена.
Иан Мек Кол (13-6-1) не престанува да го следи несреќата. Поранешниот борец на УФЦ во дебито за Ризин се бореше во четвртфиналето за Големата награда во бантам против Манел Кепе (9-1). 33-годишниот Американец ја напушти УФЦ по серијата откажани борби во последен момент, а во Саитама претрпе пораз на бизарен начин
За време на борењето со португалско-анголскиот борец во првата рунда Мек Кол се исече од јажињата и во текот на борбата крвта течеше насекаде, а лекарите го прекинаа мечот.
Капе во полуфиналето оди на Кјоџи Хоригучи (21-2) кој во многу добра борба го нокаутира Бразилецот Габриела Оливеира (10-1) и му го нанесе првиот пораз во кариерата.
Вториот полуфинален пар е Шинтаро Ишиватари и Такафуми Оцука.
Завршницата на турнирот е на 31 декември.
Мечот меѓу Габи Гарсија и Шинобу Кандори е откажан откако Бразилката на мерењето беше потешка за 12 килограми.
Од останатите средби го издвојуваме нокаутот на Чехот Јиржиа Прохаска (20-3-1) против Швеѓанецот Карл Албрексон (6-2) во првата рунда.
Ризин Гран при во бантам, четвртфинале:
Кјоџи Хоригучи – Габриел Оливеира (ТКО, Р1)
Манел Капс – Иан Мек Кол (ТКО, Р1)
Шинтаро Ишиватари – Кевин Ми Печи (KO, Р1)
Такафуми Оцука- Халид Таха (сабмишн, гилотина, Р3)
https://youtu.be/oy_dgi90auE
https://youtu.be/HcNMIPwr7wg
https://youtu.be/NPx5xt2YRxE
.