На светскиот шампион во бокс, Тајсон Фјури, и вториот примерок му е позитивен на кокаин, јави ЕСПН. Тестот е земен на 22 септември, а Фјури призна дека земал кокаин поради проблеми со депресија.
Се очекува Британецот да биде казнет за неодредено време, а Светскиот боксерски совет да му ги одземе титулите.
Пред неколку дена Фјури на социјалните мрежи објави повлекување, а неколкуа часа подоцна „се врати“ со нов пост, во кој тврдеше дека се шегува.