И вториот наш репрезентативец Владимир Егоров е поразен во првиот настап на на Светското првенство во борење за сениори во Нур Султан, Казахстан.
Во категорија до 57 килограми Владимир е поразен од Датон Фикс од САД со резултат 1-12, односно со технички туш на 39 секунди до крајот. Во следното коло Американецот беше поразен од јапонски борач, со што Егоров ги изгуби шансите за репесаж и пласман кој ќе му обезбеди учество на Олимписките игри во Токио 2020 година.
За пласман на ОИ, Владимир ќе има шанси да се избори во квалификационите турнири.
Да потсетиме дека Егоров еосвојувач на брознениот медал на ЕП оваа година.
Денеска и Фати Вејсели беше поразен во првото коло од репрезенттаивецот на Словенија Давид Хабит со 1-9.
Се очекуваат настапите на Елмедин Сејфулау и Могамедгаџи Нуров.