И Саудиска Арабија е опција за реваншот Џошуа-Руиз

Еди Харн разгледува различни опции за втората борба меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз, што ќе се одржи во последните месеци од оваа година.

Желбата на Џошуа беше средбатада биде во Велика Британија, но Руиз не сакаше да оди таму и побара 50 милиони долари за да го направи тоа. Харн очигледно не е подготве да се расфрла со таква сума и бара разни опции за да привлече вниманието на Руиз, кој на почетокот на јуни го шокираше Џошуа и го симна од тронот, нанесувајќи му го првиот пораз.

Харн беше категоричен дека во декември ќе има реванш во Кардиф, но очигледно Енди јавно се подбива и сега е во игра се Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Од штабот на Џошуа сака да го донесат Рузиз во искушение на неутрален терен, а организаторите во Ријад и Дубаи нудат неколку одлични зделки.

Во моментов Кардиф останува фаворит, но Харн ги разгледува и другите опции, за да не биде критикуван оти притиска за татковината на неговиот борец. Џошуа пред неколку дена  се пофали и рече дека ќе го победи Енди Руиз и во Мексико, дури и ако чичко му на Руиз е судија во нивната битка, а Енди му одговори и го покани да го направат тоа во Мексико. Сè уште нема ништо официјално за реваншот, но работите се очекува да бидат решени наскоро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON