И пулените на Хабиб и Конор ќе се пресметуваат, Лобов и Тухугов

Зубаир Тухугов и Артем Лобов ќе ги расчистат сметките на 27 октомври во Монктон. И двајцата се од тимовите Хабиб и Мек Грегор.

Според Али Абдел Азиз, Тухугов му удрил шлаканица на Лобов пред УФЦ 223 кога настанаа проблемите во хотелот меѓу Хабиб и Лобов.

Тухугов одамна сакаше да се бори со Лобов, но не можеа да се разберат. Зубаир беше казнет две години од УСАДА, бидејќи падна на допинг тест. Во последната битка загуби одлука со поделена одлука на судиите од Ренато Мокано во мај 2016 година.

Артем Лобов е во серија од два последователни порази и има скор 2-4 во УФЦ, а последниот пораз му е од Андре Фили во октомври 2017 година.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON