И покрај суспензијата поради падот на допинг тестот, Еркан Тепер (16-0, 10 КО) се врати во рингот во германскиот Линебург.
Поранешниот шампион на ЕБУ во тешка категорија со едногласна одлука на судиите во 10 рунди го победи Американецот Дерик Роси (30-12, 14 КО). За Роси (36 г.) ова беше трет последователен пораз. Претходно, во ноември минатата година изгуби на поени од поранешниот светски шампион Бирмејн Стиворн.
Судиите го бодуваа мечот 98-92, 97-93 и 96-94 за турско-германскиот боксер.
Тепер беше суспендиран од страна на ЕБУ на две години по падот на допинг тестот откако го нокаутира Дејвид Прајс, во јули 2015 година.
Суспензијата се уште е на сила и би требало да ја почитувани членови на ЕБУ, но во принцип таа важи само за натпревари кои се одвиваат под покровителство на ЕБУ. Овој меч е одржан под надлежност на БДБ (Германската боксесрка комисија), која е членка на ЕБУ.
БДБ го суспендираше Тепер на една година, сметајќи од 17 јули минатата година, но треба да се напомене дека се појавија големи прашања во целата афера и по многу хартологија се чини дека Тепер веќе не е суспендиран боксер, барем што се однесува до БДБ. Истото важи и за борбата против Дејвид Прајс, која некои ја променија во Но контест, а некои како Boxrec ја оставија како победа на Тепер.