И Мартин Несторовски е полуфиналето на Европските игри во Баку и има шанса да се бори за еден од медалите и да го освои вториот медал за Македонија на Игрите.
-Ќе биде тешка борба, меѓутоа, ќе дадам се од себе. Одам на победа! – изјави за ipon.mk, Мартин Несторовски, веднаш по борбите.
Мартин Несторовски во категоријата над 84 клиграми во првата борба со Гркот Маргаритопулос ремизираше 0-0, додека во втората го совлада домашниот каратист Шахин Атамов со 5-3. Во мечот од третото коло со двократниот светски првак Енес Еркан од Турција, Несторовски забележа пораз од 3-0, што беше доволно за второто место во групата и пласман во полуфиналето, каде што ќе се сретне со Германецот Јонатан Хорне, кој беше прв во другата група, а Србинот Слободан Битевиќ втор.
Да потсетиме дека вчера Емил Павлов (-60 кг) го освои бронзениот медал и се запиша во историјата на македонскиот спорт.
Од другите наши спортити настапи и Тимур Хамикоев, кој во осминафиналето беше совладан со технички туш во првата рунда од Хрватот Ненад Жугај. Хрватот на брзина ги заработи поените, однонсо поведе 4-0, 6-0 и 8-0.
ipon.mk/В.Д.