И Кирил Сичков заминува во Бугарија

По Андреа Нисева и Кирил Сичков заминува во Бугарија кај тренерот Димитар Кумчев, кој е и сопственик на клубот, за да и биде клупски другар.

Како што информираат од штипска Олимпија малдиот Сичков веќе може да смета и на учество на државните првеснтва во Бугарија.

„Засега ова е единствено решение за да можат нашите борачи да го покажат сработеното на тренинзите и да имаат стимул и желба за повеќе тренинзи“, велат од Олимпија и додаваат:

„Се за борачите, бидејки упорно тренираат и си ги чекаат своите пет минути, а затоа сме ние тука. Им посакуваме успешно и достојно презентирање на Олимпија и таму“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON