УФЦ одлучи да спари две врвнии каратистки во сламка категорија! Така популарната Мишел Ватерсон ќе ги вкрсти ракавиците со воинката, која исто како неа, има „карате минато“ – Тесија Торес. Пресметката ќе се случи на УФЦ 218, настан кој е закажан за 3 декември во американскиот Детроит.
Торес (9-1) ја прозва токму Ватерсон по последната победа против Хулиана Лима во јули, а нејзините, а УФЦ одлучи да ја послуша желбата. Во сите досегашни УФЦ настапи Торес е поразена само од Роуз Намахунас и планира да ја продолжи победничката серија и во декември.
Од друга страна, Ватерсон (14-5) е поразена во последниот меч. И на нјезе „на крајот и застана“ денес предизвикувачка Роуз Намахунас, кој ја нокаутира на УФЦ на Фокс во април. Оваа популарна воинка која ја нарекуваат „Карате хоти“, миленичка на УФЦ, но и на машкиот дел од публиката. Во текот на својата долгогодишна кариера таа беше суверена шампионка на Инвикта во атом категоријата, а со доаѓањето во октакогонот од неа се очекуваат големи работи. По брилијантниот почеток , налета на Намахунас, но мечот против Торес би можел да ја врати на вистинските патеки.
ФЦ 218 на распоредот во ноќта во сабота спрема недела на 2 декември, во Детроит, САД. Во главната борба на вечерта УФЦ шампионот во перолесна категорија Макс Холовеј прв ќе го брани својот појас и тоа против поранешниот шампион во лесна, Френки Едгар.
Во „ко-главниот“ настан ќе видиме борба на тешкашите. Поранешниот К-1, Дрим и Страјкфорс шампион Алистер Оверем ќе ги вкрсти ракавиците со ѕвезда во доаѓање Френсис Нагану. Тоа е пресметка која треба да го одреди следниот предизвикувач број еден во оваа категорија. Одличен попис на борби ги содржи двобоите Алварез – Гаете, Ал Јакинта – Фелдер и Сехудо – Петис.