Членот на Иницијативниот одбор за свикување на вонредно Собрание на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Страшо Глигоров, се јави во нашата редакција по повод објавата на претседателот на Федерацијата, Чедо Николовски, дека истото за 7 октомври е закажано одржувањето на истото, односно по завршувањето на Светското пренство во борење во Лас Вегас, САД. Николовски исто така посочи дека со оваа одлука се согласиле водечките клубови во државата, како Лирија, Балканец, Бучим, Спартак, Неготино.
„Таа информација не е точна, бидејќи Иницијативниот одбор веќе го закажа вонредното Собрание за 13 август во скопскиот хотел „Холидеј ин““, истакнува Глигоров и додава:„Николовски нема поддршка од водечките клубови. Сите тие се согласија за вонредно Собрание, речиси од сите клубови“.
До понеделник ќе бидат известени сите и ќе им бидат доставени сите материјали.
-Ние сме во интезивна комуникација за ново раководтсво. Тоа е причината поради која го одложивме од сабота за во четврток Собранието. Има три опции: да избереме веднаш претсдетаел со ново раководство, в.д. претседател и, трета, е да се зибере привремено рекаоводство од неколку члена, бидејќи Федерацијата во тешка финансиска, правна, стручна и морална соостојба.
Нема ли така се направи пралелизам и конфузија во работата на ФБСМ?
-Бидејќи никој не е извесетен за такво нешто во рок од 14 дена, а собранието треба да се одржи во тие 14 денови, затоа ние ја пеземаме иницијативата. Тоа, пак, носи дополнителни имплекации, односно дека претседателот не го почитува Статутот, поради што може и да не биде повикан на вонредното Собрание. Нема шанса за тоа, затоа што тоа е според Законот за здруженија на граѓани, а не може Николовски да прави што сака.
Дали сето тоа нема да и наштети на репрезентацијата пред СП?
-Апсолутно не. Одржувањето на Собранието од никаков аспект не може да и наштети на репрезентацијата, туку ќе придонесе за зајакнување на позициите на ФБСМ, а со тоа и на подобрување на условите на сите национални репрезентации.
Што му нуди Иницијативниот одбор на македонското борење за разлика од сегашното раководство?
Прво, да се инволвират личности кои имаат силен кредибилитет; потоа, да се изберат личности што ги исполнуваат законските услови, па на Сатутот и на Правилниците; трето, да се изработат развојни програми по области. На пример, Федерацијата работи без 4- годишна развојна програма, а такво нешто е недопусливо за национална федерација. Не се изработени соодветни анализи за изминатиот период, затоа ќе мора да се направи целосна ревизија на работата. Статутот на ФБСМ не е усогласена во повеќе сегменти со Законот за спорт, а и не почитува одредени одредби.
Имаме сериозни информации и за други неправни дејствија, кои се од загрижувачки карактер, кои можеби ќе имаат потешки последици.
Имате ли потенцијални кандидати за претседателското место и за Управниот одбор?
-Повеќе од сигурно е дека ќе дојдат врвни менаџери во Федерацијата, а такви луѓе ни требаат, бидејќи не може маалски луѓе да ја водат ФБСМ. Покрај тоа, во стручната работа и комисиите ќе бидат вклучени најиментните и најкомпетните стручни и научни лица, но и врвни спортисти. Кои, за жал, во изминатиот период беа оставени на маргините.
ipon.mk/В.Д.