Таеквондо клубот Хваrанг ИТФ од Лескоец, Охрид, на Mеѓународниот турнир „Србија oпен 2016“ во Бачка Топола освои три златни, еден сребрен и шест бронзени медали.
На турнирот учествуваа над 250 натпреварувачи од осум земји од Европа, а клубот од Лескоец настапи со девет натпреварувачи предводени од тренерите Марјанчо Лазаревски и Зоран Донев.
Освојувачи на медали:
Александар Јовановски– сребро во категорија спаринг сениори до 64 кг./ злато во форми категорија 3-4 куп
Миле Климоски– злато во категорија форми сениори 5-6 куп;
Елена Јанеска– злато во категорија спаринг, деца- жени до 40 кг;
Давид Крстески– бронза спаринг, деца до 10 години- 30 кг;
Марио Крстески- бронза спаринг, деца до 14 години- 30 кг;
Давид Велковски– бронза форми, деца до 14 години, 5-6 куп;
Божидар Димитриевиќ– бронза спаринг, деца до 14 години +60 кг;
Христијан Митрески– бронза спаринг деца до 14 години, + 60 кг;
Јане Димов– бронза спаринг јуниори до 18 години, + 75 кг.
Ipon.mk/В.Д.