Теквондо клубот Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид, викендов (4 јуни) ќе учествува на Меѓународниот теквондо ИТФ турнир „2 Мали Зворник опен 2016“, во Србија.како завршен турнир за оваа пролетна натпреварувачка сезона.
Всушност,ова ќе бде последната проверка на Александар Јовановски кој ќе ја претставува Македонија на наредното Светско првенство за јуниори и ветерани во Италија во септември.
Тренерот Марјанчо Лазаревски на овој турнир ќе ги води: Крстесеки Давид, Крстески Марио, Јанеска Елена, Јанески Антонио, Димов Јане, Митрески Христијан, Велковкси Давид, Димитриевиќ Божидар, Спасека Јана, Јованоски Александар и Климоски Миле, а ќе му помага Зоран Донев.
Ipon.mk/В. Д.