Хва ранг ИТФ викендов настапува на турнир од А-класа во Благоевград

 

Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид викендов ќе учествува на Меѓународниот теквондо ИТФ турнир од А-класа „Бугарија опен 2017″ во Благоевград.

Овој турнир е еден од посилните во Европа на кој натпреварувачите на Хва ранг ИТФ ќе ги одмерат силите со противниците во спаринг-борби поединечно и екипно, со настап на две кадетски екипи од 10-14 години и јуниори од 14-15 години.

„Се надевам дека и овој пат претсатвниците на ТКД Хва ранг ИТФ ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON