Викендов Таеквондо клубот „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид на Меѓународниот ИТФ турнир А класа „3. Гран при Зворник 2022“ во Босна и Херцеговина освои 23 медали – 11 златни, 6 сребрени и 6 бронзени, како и пехар за најдобар женски кадет 11-13 години (Христијана Парулеска) и пехар за надобар клуб во севкупен пласман на овај Гран при натпревар.
На најсилниот турнир за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот и пошироко учествуваа над 400 натпреварувачи од 36 клубови од 12 земји во Европа.
Резултати и награди:
Пехар за најдобар клуб – 1 место за севкупен пласман на „3. Гран при Зворник 2022“
– Христијана Парулеска
Пехар за најдобар женски кадети 11-13 години
1 место (злато) форми црвен појас женски кадети 11-13 години
1 место (злато) борби -45 кг женски кадети 11-13 години
-Софија Колушоска
1 место (злато) форми плав појас женски кадети 11-13 години
-Бојана Китаноска
1 место (злато) форми жолт виши појас девојчиња 8-10 години
1 место (злато) борби -25 кг девојчиња 8-10 години
-Тамара Тодороска
2 место (сребро) форми жолт виши појас девојчиња 8-10 години
-Давид Ристески
1 место (злато) форми жолт виши појас деца 8-10 години
-Стефан Чулчески
3 место (бронза) форми жолт виши појас деца 8-10 години
-Теодора Тодороска
2 место (сребро) форми жолт виши појас женски кадети 11-13 години
-Филип Зенгоски
1 место (злато) форми жолт виши појас кадети 11-13 години
-Димитар Андрески
3 место (бронза) борби -40 кг кадети 11-13 години
-Климент Богоески
1 место (злато) форми жолт појас кадети 11-13 години
1 место (злато) борби -55 кг кадети 11-13 години
-Теодора Митреска
2 место (сребро) борби – 60 кг јуниорки 14-15 години
-Филип Митрески
3 место (бронза) борби +60 кг кадети 11-13 години
3 место (бронза) форми жолт виши појас кадети 11-13 години
-Лука Тодороски
3 место (бронза) борби -50 кг кадети 11-13 години
-Михаил Јоноски
3 место (бронза) борби – 65 кг јуниори 14-15 години
-Владимир Димитриевиќ
2 место (сребро) борби – 60 кг јуниори 14-15 години
-Елена Јанеска
1 место (злато) форми црн појас I дан јуниорки 14-15 години
2 место (сребро) борби – 65 кг јуниорки 14-15 години
-Давид Крстески
1 место (злато) борби – 60 кг јуниори 14-15 години
2 место (сребро) форми црн појас I дан јуниори 14-15 години
„На сите борилишта доминиараа нашите натпреварувачи. Мразот го скршија најмладите натпреварувачи Бојана Китаноска, Давид Ристески, Тамара Тодороска, Стефан Чулчески, а потоа продоложија по нив и другите , на крај искусните натпреварувачи Христијана Парулеска, Елена Јанеска и Давид Крстески ја потврдија доминацијата и оправдувајќи го постигнатиот успех од Европското првенство“, изјави Марјанчо Лазаревски.