„Хва ранг ИТФ“ освои 51 медал на „Охрид опен 2022“ (ВИДЕО

На меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2022“,  што се одржа викендов (25 јуни) во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, најдобри клубови се:

1.Тајгер тим од Перник

2.Тервел 2006 од Севлиево

3.Тонг Ил од Нови Сад

Додека домаќинот на турнирот „Хва ранг ИТФ“ настапи со 44 натпреварувачи осовија 51 медал – 8 златни, 15 сребрени и 28 бронзени и е најтрофеен клуб.

„За дел од нив беше прв натпревар, за некои прв медал , што ни прави посебно задоволство  дека имаме веќе нови генерации кои се подготвени и физички и психички, за да ги бранат боите на нашиот клуб во иднина“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

На Охрид опен настапија над 210 натпреварувачи од 31 клуб од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Бугарија, Албанија , Грција и Македонија.

„Можеме да се пофалиме дека беа дојдени најдобрите натпреварувачи од сите клубови , се натпреваруваа во две дисциплини форми и борби,при што имавме можност да гледаме врвни борби и техники на овај натпревар“, истакна Лазаревски и додаде:

„Организацијата беше на највисоко ниво, иако искуството не е многу на наша страна,направивме турнир што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме, читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци. Овај натпревар го  организиравме по сите највисоки светски ИТФ  стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен  г-н Антон Архипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите  податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски, носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ , претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство  помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред. Користиме прилика јавно да му се заблагодариме, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот“.

Лазаревски изрази благодарност ПН Метал, Општина Охрид и Стојан Стојановски кои го помогнаа турнирот на свој начин.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON