АктуелноДруги вештиниТаеквондо

Хва ранг ИТФ најдобар македонски таеквондо клуб на „Охрид опен“ – најуспешен Фалкон од Благоевград

На Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2025“ Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид, е најуспешен домашен клуб со 25 медали – 7 златни, 7 сребрени и 11бронзени медали и 1 пехар за најдобар поединец, Миа Танеска.

Најдобари клубови  на турнирот  беа:

1.Фалкон – Благоевград , Бугарија

  1. Василена – Перник , Бугарија

3.Српски соко – Зворник, БиХ

На турнирот учествуваа над 270 натпреварувачи од 30 клуба од 8 држави: Италија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија ,Грција, Албанија и Македонија.

„Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства, со што придонесе за поголема масовност на натпреварот. Исто така, имавме чест да учествуваат репрезентациите на неколку држави, со што беше и квалитетот на натпреварот на повисоко ниво од минатата година“, вели претседателот на Македонската федерација за традицоално таеквондо Марјанчо Лазревски.

„Овај натпревар го  организиравме по сите највисоки светски ИТФ  стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен  г-н Антон Архипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, со пренос во живо, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски, носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ , претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство  помогна турнирот да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот“, вели Лазаревски и додава:

„Читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци , направивме натпревар што ретко  некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON