Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид ги почнува годинашниве настапи со учеството на квалитетниот Меѓународен турнир „Србија опен“ во Бачка Топола овој викенд.
На овој турнир натпреварувачите на охридскиот клуб предводен од Марјанчо Лазаревски ќе ги одмерат силите во две дисциплини – борби и форми поединечно.
„Верувам во нашите теквондисти и во нивните квалитети, и се надевам дека ќе не претсват во најдобро светло“, рече тренерот Лазаревски.
Како вовед за турнирот во Бачка Топола беше техничкиот семинар во Охрид со сениор гранд мастер, Ким Унг Чол, црн појас деветти ден на ИТФ таеквондо кое се бори да стане олимписки спорт.
Охридскиот клуб на турнирот во Србија ќе настапи без Александар Јованоски, Јана Спасеска и Јане Димов кои стандардно имаат висок пласман на турните на кои учествуваат поради здрваствени причини и ученички натпревар.
Ipon.mk/В.Д.