Хулио Цезар Чавез e опљачкан со вперен пипштол во главата

Хулио Цезар Чавез беше жртва на криминал по неговото доаѓање во родното Мексико.

Легендарниот боксер беше ограбен во Мексико Сити со закана од пиштол вперен во главата.

Чавез дојде во Мексико Сити од САД за да учествува во телевизиско шоу и да ги анализира борбите на ТВ Ацтека.

„Штотуку бев жртва на напад. Откако пиштол ми беше доплепен до главата, ми ги украдоа часовникот и синџирот, а Хорхе Пени му го зедоа часовникот. Без сомнение, можеше за секунда да загубиме животи“, објави Чавез на социјалните мрежи.

„Сакам да појаснам дека сите моторциклисти не се криминалци, но важно е да се биде свесен за мотоциклот на кој доаѓаат двајца, бидејќи повеќето од тие секои ги напаѓаат луѓето. Во нашето Мексико има добри луѓе“.

Според извештајот на ЕСПН, Депортес Чавез и Пена, член на неговиот тим, практично биле ограбени веднаш штом слетале во Мексико.

Во близина на аеродромот Бенито Хуарес покрај нив застанл мотор и се ограбени под закана од огнено оружје. Боксер остана без часовникот Хјублот што му го поклони ВБЦ минатиот мај.

Чавез се смета за најдобар мексикански боксер на сите времиња. Беше повеќекратен светски шампион во суперлесна, лесна и велтер категорија.

Се пензионира во 2005 година со 107-6-2, 86 КО.

https://www.youtube.com/watch?v=kyjOUrtBtHI
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО