Хулио Цезар Ла Круз на Игрите во Токио сака да испише историја

Кубанскиот 31-годишен боксер Хулио Цезар Ла Круз во својата витрина има олимписко злато, четири светски титули, а трипати е победник на Панамериканските игри.

Никогаш не стана професионалец и реши да замине во историјата на поинаков начин.

Имено, по освојувањето на златото во полутешка категорија на Олимписките игри во Рио, сега сака да го освои најсјајниот медал во тешка категорија на игрите во Токио.

„Таа тежина повеќе ми одговара. Напредував добро во текот на целата кариера и не ми беше проблем симнувам килограми. Добив сила, а ја задржав истата брзина и експлозивност“, вели Хулио Цезар Ла Круз во пресрет на Игрите во Токио.

Но, конкуренцијата во тешка категорија е многу силна. Противник на Кубанецот во второто коло може да му биде вториот носител, Казахстанецот Васили Левит.

Во вториот дел од жрепката се очекува до финалето да стигне светскиот и европски шампион Русинот Муслим Гаџимагомедов. Хулио Цезар Ла Круз тргнува во обид за второ олимписко злато во вторникот на 27 јули.

Доколку стигне до златото, и го повтори истото на Париските игри, тој ќе стане четвртиот боксер со трите најсјајни медали и ќе им се придружи на своите сонародници Теофил Стивенсон и Феликс Савон и Унгарецот Ласло Пап.

„Ние Кубанците отсекогаш сакаме да станеме шампиони, а исто и јас. Затоа тренирам бокс и целосно сум посветен на тоа. Се подготвувам за тоа секој ден, затоа што знам дека можам да успеам“, подвлече Хулио Цезар Ла Круз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON