На Хуго Руиз (Мексико) му треба само 51 секунда за да го собори шампионот на Светскиот боксерски совет во суперперо категорија Хулио Сеха (Мексико) на галавечерта во Анахајм (САД). Новиот шампион го урна противникот со десницата, а веднаш потоа го доврши. Сеха заработи повреда на глуждот, откако беше соборен. Ова беше реванш меч. Во август Руиз беше нокаутиран во петата рунда.
Новиот шампион веќе има 36 победи (32 со нокаут) и 3 порази. Билансот на Сеха е 30 победи (27 со нокаут) и 2 порази.