Ивана Хабазин (18-3, 7 КО) по втор пат стана светски шампион.
28-годишниот боксерка во Виена ја победи Елена Сикмашвили (10-6, 4 КО) и ја освои испразнетата титула на ИБО во средната категорија. Хабазин славеше со прекин во петата рунда.
По малку акција на отворањето на средбата, Хабазин одлично избоксира во втората рунда. Погоди со одличен задаен директ многу поголемата противничка, а потоа до крајот на рундата и со две крошеа. На почетокот на третата добро контрира со лево кроше. Почнува се повеќе да држи во клинч.
На почетокот на петатат Грузијката погодува со десен директ, Хабазин малку подоцна одговара со лево па со десно кроше и продолжува да напаѓа, а од аголот на Грузијката ја фрлаат крпата и мечот се прекинува.
Хабазин претходно беше шампион на ИБФ во велтер, а во 2016 година е поразена за ВБЦ титулата во супервелтер.
Првата одбрана на титулата би требало да ја има против Јужноафриканката Нони Тенге (18-1-1, 10 КО).