Христијана Парулеска од Охрид се закити со сребрен медал на Европското првенство во ИТФ таеквонодо во Јесоло, Италија, иако нијанси ја делеа од победа. Парулеска среброто го освои во форми (кати) 11-13 години црн појас први дан.
Ова е успешен старт на нашата репрезентација, се очекуваат уште медали.
„На првиот натпреварувачки ден, на наше задоволство, репрезентација го доби првиот медал (ЕП трае до 24 април). Наптпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја“, изјави селекторот на македонската МТТФ репрезентација, Марјанчо Лазарески.
На ЕП учествуваат натпреварувачи од 27 земји, а најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија, Италија, но тука се и репрезентациите од Србија, Хрватска, Германија, Австрија, Словенија, Ирска, Велс, Бугарија…