Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец –Охрид освои 5 медали – 1 златен, 1 сребрен и 3 бронзени медали на најсилниот Меѓународен таеквондо турнир А класа „Бугарија опен 2022 во Пловдив.
Медалите ги освоија:
– Христијана Парулеска
1 место (злато) борби – 50 кг, кадети 12-13 години 3 место (бронза) форми црвен појас, кадети 12-13 години
-Елена Јанеска
2 место (сребро) борби -70 кг, јуниори 16-17 години
-Давид Крстески
3 место (бронза) форми црн појас I дан, јуниори 14-15 години
-Марио Крстески
3 место (бронза) форми црвен појас, јуниори 16-17 години
На овај престижен натпревар учествуваа над 540 натпреварувачи од 59 клубови од 14 земји од Европа.
Традиционално на овај престижен турнир сите настапуваат најдобрите поединци, за да ги тестираат и да ги подготват за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Римини , Италија.
„Слободно можеме да кажеме дека бевме скептични дека ќе успееме да осовиме некој медал, знаејќи за огромната конкуренција, а претходно нашите натпреварувачи кои учествуваа на 3 последователни натпревари за помалку од еден месец, беа видно исцрпени, но како и секој пат, така и овај пат дадоа се од себе.
Христијана Парулеска со 4 победи успеа да се качи повторно највисоко на пиедесталот, додека во форми беше оштетена од судиите, при што освојувои бронзен медал. Елена Јанеска , која имаше висока температура, треска и настинка, не дозволи да го откажеме нејзиното учество, туку херојски даде се од себе стигнувајќи макотрпно до финале, иако изнемоштена, многу тесно загуби од репрезентативката на Естонија и освои сребрен медал. Давид Крстески, за жал, беше оштетен од судиите во двете дисциплини, каде освои бронзен медал во форми“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.