Христијана Парулеска освои бронзен медал на Светското првенство во традиционално таеквондо

Христијана Парулеска освои бронзен медал во борби (14-15 години) на Светското првенство во традиционално таеквондо (ИТФ).

Повредата на задната ложа на десната нога во полуфионалето ја оневозможи нашата репрезентативка на СП во Астана, Казахстан, да се бори во финалето.

Селекторот Марјанчо Лазаревски е убеден дека Христијана ќе го освоеше златниот медал,но поради повредатаморал да ја прекине борбата.

Парулеска во првиот меч славеше против најсиланата натпреварувачкаод Русија, а потоа и против репрезентативки на Канада, Грција и Узбекистан.

Давид Крстески беше во најтешката група и, покрај добрите борби, искуството си го направи своето и не ја помина групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON