Христијана Парулеска, гордост на традиционалнто таеквон-до, е во најдобрите пет млади спортистки во Македонија

Во средата на 27.12 2023 година во хотелот „Александар палас“ во Скопје, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации, се одржа избор на „Спортист на годината 2023“.

На овај избор Македонската традиционална таеквон-до федерација аплицираше со еден натпреварувач, Христијана Парулеска, која испиша историја во македонскиот спорт.

„Таа учествуваше на Европското првенство во Јесоло-Италија, натпреварувајќи во две дисциплини, во борби и форми, притоа осовои златен медал во борби, европска шампионка, и сребрен медал во форми, а со тоа го заслужи и пехарот за најдобра кадетка во Европа. По само 3-4 месеци на Светското првенство во Астана-Казхстан, влегувајќи во постара возрасна категорија, во борби го освои бронзениот медал во борби, за жал, на патот до златото при убедливо водство во полуфинале, мораше да ја предаде борбата поради повреда, од која се уште закрепнува. Единствена натпреварувачка на нејзина возраст која во иста година има освоено медал и од европско и од светско првенство и како најмлада добитничка на „Свети Климентовата награда” Патрон на градот –Повелба“, вели претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски.

Претседателот на МТТФ изразува најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, кој е најзаслужен за сите овие успеси и кој во изминативе 10 години несебично беше секогаш со нив, туркајќи ги во нови поголеми успеси и достигнувања.

„Од спорт кој едвај преживуваше, не издигна во еден од најдобрите спортови во Македонија и затоа ќе сме вечно благодарни за се што има направено за нас“, вели Лазаревски и додава:

„Исто така сакаме да изразиме огромна благодарност до АМС и ССМ, кои ни дадоа доверба и прилика да бидеме дел од најпрестижната спортска манифестација во Македонија, рамо до рамо со сите спортски федрации, што е најголем успех за нас како Федрација.

Не изостанува огромната благодарност и до Општина Охрид, која призанвањето на нашите успеси го овековечи со „Св. Климентова награда“ Патрон на градот –Повелба, доделувајќи и на Христијана Парулеска која беше во најдобрите пет млади спортистки во Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON