Хрговиќ направи нов скок на ВБЦ-листата

По убедливата победа во американското деби Филип Хрговиќ (8-0, 6 КО) направи нов скок на листата на предизвикувачи на ВБЦ во тешка категорија.

27-годишниот Загрепачанец во мај во Оксхон Хил во првата рунда го нокаутира Американката Грегори Корбин и прв пат ја одбрани интеранционалната титула на ВБЦ.

Во моментов е на 12. место.

Прв е Дионтеј Вајлдер.

Прв предизвикувач е сребрениот првак на ВБЦ, Дилиен Вајт, па следат Тајсон Фјури, Ентони Џошуа и Луис Ортиз

Пети е поразениот Полјак Адам Ковначки, а во првите десет се Џозеф Паркер, Александар Поветкин, Кубрат Пулев, Агит Кабајел и Оскар Ривас. На 11-то место е Дерек Чисора.

Зад Хрговиќ се Доминик Бризил, Џо Џојс, Мајкл Хантер, Чарлс Мартин, Карлос Такам, Ефе Ајагба, Сергеј Кузмин и Хјуи Фјури.

Хрговиќ е и на 9-то место по ВБА федерацијата, а 13-ти на ИБФ листата на предизвикувачи.

Следната борба, втора откако неговиот промотор на Зауерланд почна да работи заедно со Мечрум боксинг, треба да ја одработи на крајот на август во САД или Мексико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON