Хозе Алдо ја откри стратегијата за првата пресметка со Мек Грегор

Aldo i Mek Gregor na soocuvanje

Хозе Алдо призна дека имал строго изграден план за мечот со Конор Мек Грегор на УФЦ 194, кој издржа него понижувачки 13 секунди пред да биде нокаутира од Ирецот. Така ја изгуби титулата во перо категорија на УФЦ.

На УФЦ 200 Алдо го победи Френки Едгар и се стекна со право за нова пресметка со Мек Грегор, а во меѓувреме бразилскиот борец откри дека сметал оти треба да се задржи главно на граплинг борба за време на првата средба. Проблемот беше во тоа што едноставно немаше време за такво нешто.

„За време на првиот меч бевме подготвени за граплинг борба. Проблемот е што немаше време. Многу трениравме џиу-џицу и сето тоа беше предвидено и подготвено. Многу трениравме за тоа“.

„Додека се загревав во соблекувалната, поминав околу два часа на земјата, тренирав различни позиции и се друго што сакавме да направам на средбата. Така, сепак, не успеав да го направам тоа. Но ќе видиме следниот пат. Иднината му припаѓа на Бог“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON