Хозе Алдо и Мераб Двалишвили се договориле за борба на УФЦ 278

Работите во петел категорија продолжуваат да се загреваат.

Од денес се знае дека поранешниот шампион Хозе Алдо и главниот кандидат Мераб Двалишвили се договориле за борба на 20 август на УФЦ 278.

Сè уште не е официјално потпишан договор, но борците се блиску до склучување, изјави новинарот Ариел Хелвани.

Алдо моментално е на третото место во категоријата, забележувајќи три силни победи. Ја загуби титулата од Петар Јан, но верува дека повторно ќе биде шампион.

Во победничка серија е и Грузиецот Двалишвили со 7 последователни победи. „Машин“ забележа атрактивен настап во својата последна битка, победувајќи со технички нокаут во втората рунда над Марон Моарез.

Двалишвили е на 6. место во категоријата, но со победа над Алдо можеби ќе добие шанса за шампионски меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON