Хозе Алдо го подговува златен српски олимпиец!

Momir Petković

Останаа нешто помалку од два месеци за УФЦ 194 настанот во Лас Вегас каде  што Хозе Алдо го брани појасот во перолесна категорија против ирската сензација Конор Мек Грегор. Подготовките се во полн замав и Алдо побара помош од легендарниот српски борач, Момир Петковиќ.

Петковиќ во 1976 година во Монтреал го освои златниот медал во грчко-римски стил, а три пати освои сребрен и еден бронзен. Во 2002 година стана помошнек тренер на американската репрезентација во борење.

Освен борачи, Петковиќ тренирал и разни ММА борци. Мет Линленд за него рече дека е: „Најсилниот човек што сум го сретнал, голем тренер и идол“. А БЏ Пен призна дека токму тој му помогнал да ја освои титулата против Мет Хјуз на настанот УФЦ 46.

Иако сите од Алдо и Мек Грегор очекуваат војна на нозе, можеби Алдо одлучи да ја икористи тактиката на Чад Мендес кој успешно го соборуваше Ирецо. И во тој знаењето и искуството на Петковиќ ќе му бидат добредојдени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON